Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) Првата полуфинална вечер на Евровизија во знакот на тинејџерите и „street style“ естетиката

Ако основнот модул на Евровизија е сензационализам и ексцентричност на сцена за да се освои вниманието на широката публика, овојпат посведочивме на исклучок барем од аспект на сценската костимографија.

Вчера во Тел Авив се одржа првата полуфинална евровизиска вечер, каде прво што забележивме е отсуството на екстремно театралните костими (што вообичаено доминираат на сцената) што овојпат беа заменети со урбани, „улични"изданија на изведувачите, растеретени од драматичност, (покрај неколкуте исклучоци).

Голем дел од изведувачите беа тинејџери или млади артисти, а песните што ги изведуваа претежно беа со модерна, трендовска поп естетика, што секако има влијание во нивното стилизирање, па во неколку наврати на евровизиската сцена видовме комбинации со патики, предимензионирани јакни или постмодернистички, експериментални костими.

На првата полуфинална вечер на Евросонг настапија изведувачи од 17 земји, од кои 10 се пласираа во финалето: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Нашата претставничка Тамара со „Proud" настапува утре (четврток) на втората полуфинална вечер.
Финалето на Евросонг е во сабота.

Фото: Eurovision.tv

15 мај 2019

Други галерии

Сезоната на летни фестива...

Одржан маршот „Напред роз...

Бијонсе полни 39 години:...

Највпечатливите стајлинзи...

Фото: Сите креативци на „...

Најскандалозните фустани...