Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Ретро детство од времето кога се играше на улица…

Денешнава дата, 1-ви септември, голем дел од нас си ја поврзуваат со стартот на учебната година, независно дали сè уште сме во образовен процес или одамна сме завршиле со училишните клупи. Но, годинава многу нешта се сменија, па и датумот кога почнува школската година од причини наметнати од вонредната ситуација.

Но, симболиката на датата останува, па кога се навраќаме на 1-ви септември, неизбежно и некако природно се присетуваме и на детството, она детство поминато на улица.

Уличните игри од едно минато време беа школо надвор од училишните клупи. Тука учевме за социјализација и другарство. Учевме за колективен и натпреварувачки дух, за тимска игра и за борбеност до крај. Игравме ластик, џамлии, плочка, криенка, скокавме на јаже и така низата продолжува до недоглед, бесконечен колку и детската имагинација.

Низ овие ретро фотографии во фото галеријата, се присетуваме на едно детство од едно минато време.
Која беше вашата омилена улична игра?

Фото: Пинтерест

1 септември 2020

Други галерии

Елките низ светските метр...

Париз: Улична мода што е...

Најмагичните празнични из...

Летен моден поздрав од Ми...

Фото: Македонија слави во...

Црвениот килим на Кан е ф...