Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Skopje Vinyl Convention – љубовта кон плочите е безвременска

Младинскиот културен центар во саботата беше местото каде се собраа сите љубители на плочите кои едногласно порачаа дека овие убавици повторно се во мода.

Под насловот „Skopje Vinyl Convention“ во чии рамки се случи и настанот Историја на македонската винил продукција од 18 часот, посетителите имаа можност да си купат некоја од омилените плочи од околу 30 – те дилери, но и да уживаат во целодневната музичка програма.

Познати македонски и странски диџеи ги забавуваа младите на четири сцени, а атмосферата беше навистина прекрасна.

Во рамки на настанот имаше и бројни панел дискусии, промоции и филмови, како и дел за дружење на најмалите кои ги имаше во навистина голем број.

Ова беше уште еден доказ дека Скопје обожува вакви настани, но и дека љубовта кон плочите е навистина безвременска.

Погледнете дел од атмосферата преку фотографиите што тимот на Fashionel ги направи во саботата во МКЦ.

30 септември 2019

Други галерии

Креациите што блеснаа на...

Познатите модели на нивни...

Колоритен моден поздрав о...

Ријана ги собра ѕвездите...

47 модни блесоци на Шарли...

Разеленета улична мода ка...