Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) Среќен роденден ЛИЛА: Највпечатливите модни изданија низ годините

Едно од нашите најпопуларни и најпрепознатливи тв лица, Лила Филиповска, денеска го слави 51-от роденден.

Професионализмот и конзистентната телевизиска кариера, од нејзиното име изградија бренд, а како јавна личност, низ годините имаме прилика да ја гледаме во различни стилски изданија.

Нејзината успешна соработка со нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, која трае повеќе од една деценија, даде посебен печат на нејзиниот имиџ и изгради препознатливост во нејзиниот сценски изглед. Секогаш уникатна, своја и смела, Лила низ годините не престана да го привлекува вниманието на јавноста.

На сцена, секогаш знае достојно да ги износи уникатните модели на ЕЛЕНА ЛУКА и во вистниско светло да ја презентира нивната приказна. Приватно пак, Лила повторно внимава да внесе доза автентичност и индивидуализам, во инаку трендовските комбинации со џинс, романтични фустани или спортски сетови.
Во меѓувреме, Лила е посветена и на новата сезона на еден од најдолговечните телевизиски проекти кај нас, „Сè или нешто", а ние со нетрпение очекуваме да ја видиме во новите стилски изданија со потписот на ЕЛЕНА ЛУКА која од самиот почеток на емисијата се потпишува зад нејзиниот стајлинг.

Среќен роденден Лила! Блескај како што само ти знаеш.

Во фото галеријата издвојуваме дел од нејзините највпечатливи стилски изданија низ годините.

 

15 октомври 2022

Други галерии

Како познатите честитаат...

Руска артистка со бизарни...

50 дизјанерски топки во ч...

Фото: Никогаш не сте прес...

Улична мода на Sofia fash...

Фото: Македонија слави во...