Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(Фото) Стилот на Риз Витерспун како инспирација за пониските жени – денеска го слави 46-от роденден

Оскаровката и ѕвезда на „Legally Blonde", „Walk the Line", „Hot Pursuit", холивудската актерка Риз Витерспун, денеска го слави 46-от роденден.

По тој повод направивме преглед на нејзиниот стилски прогрес низ годините, вклучувајќи ги нејзините појавувања на црвениот килим, но и нејзините неформални секојдневни комбинации.

Со оглед на тоа дека Риз има поситна градба и не е многу висока, нејзиниот стил може да послужи како инспирација и за пониските дами.

Интересно е што во нејзиниот неформален имиџ, најчесто вклучува миди фустани или такви со должина над колена и здолништа со висок струк, за визуелно да ја издолжи фугурата. Најчесто нејзините комбинации се комплетирани со високи потпетици, но во полежерни варијанти, често фотографите може да ја забележат и во патики.

На црвениот килим важи за една од најдобро облечените актерки. Во овој случај, Витерспун најчесто бира елегантни, макси тоалети што ја следат линијата на телото, еднобојни и со впечатлив детаљ во горниот дел.

Во фото галеријата следуваат инспиративни стилски изданија на филмската ѕвезда.

22 март 2022

Други галерии

Шармот на „старо“ Скопје...

Улична мода во слободен с...

Концертите на Каролина со...

Спортски шик на улиците н...

Колоритен моден поздрав о...

Рапсодија на стилот низ у...