Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фраер: Трансформациите на Брeд Пит низ 57 фотографии

Бред Пит денеска го прославува 57 роденден. И покрај тоа што ја ситни шестата деценија од животот, се' уште важи за еден од најубавите мажи на светот и најпосакуваните актери.

Гледано од моден аспект, стилот на Пит кога е облеката во прашање, не се смени претерано. Се' уште е фан на лежерните блузи и широките панталони, иако свечените одела му стојат совршено. Но, кога е косата во прашање, тука ја одразува потребата од промена и бегство од здодевноста.

Ако погледнеме наназад низ годините, се гледа дека долгата коса е негов чест избор. Кон почетокот на 90-тите за првпат ќе го видиме со таква фризура, а потоа често ќе ѝ се навраќа.

Во меѓувреме, кратката коса и уредно потшишана за многумина ќе претставува уште подобар избор, бидејќи уште повеќе го нагласуваат неговиот сексапил.

Но, од 2015 наваму, актерот повторно ја пушта и не крие дека така најубаво се чувствува.

Ние се потсетивме на повеќето негови експерименти со фризурите, кои можете да ги видите во галеријата. И без разлика на тоа како ќе ја стилизира косата, Бред Пит останува неприкосновен фраер и едно од најубавите лица на Холивуд.

Со која фризура вам најмногу ви се допаѓа?

 

фото извор: @bradpittofflcial.

18 декември 2020

Други галерии

Фото: Сите стилски комбин...

Фото: Отворено четвртото...

Модно шоу на улиците на Њ...

Најдобрата улична мода ов...

Улична мода Кан: Што носа...

Ова се познатите што засл...