Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Грејс Кели: Принцезата од Монако со лебедова убавина која остана запаметена како вечно млада

Денешниот датум е значаен по раѓањето на Грејс Кели, принцезата од Монако која остави силен белег како една од најграциозните актерки во Холивуд и една од најобожуваните принцези на сите времиња.

Оскаровка, убавица, раскошно талентирана, голема љубов на принцот Раниер, актерка од ремек делата на Хичкок, муза на модните генијалци Живанши, Диор, Баленсијага, икона на стилот... Низата може да ја продолжиме уште во неколку долги пасуси, со оглед на нејзиното клучно значење како фигура и во општествениот и во филмскиот и во модниот свет.

Кога на 13 септември 1982 се рашири веста за ненадејната смрт на жената со лебедова убавина и дамата која ја носеше најубавата венчаница на сите времиња, светот беше шокиран, но истовремено таа остана запаметена како модна икона, софистицирана дама и вечно млада.

Во чест на нејзиниот роденден, правиме фото ретроспектива на некои од нејзините незаборавни величествени појавувања.

Фото: Пинтерест

12 ноември 2020

Други галерии

Бијонсе, Џоли, Мистер Бин...

„Во цут“ – ренесансни мот...

Од празнични до секојднев...

Нашиот одмор во 20-тиот в...

Футуристичка и женствена...

Royal Ascot: Највпечатлив...