Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Гвен Стефани во фантастични стајлинзи во видеото за „Misery“

Една од најубавите жени на музичката сцена, Гвен Стефани, повторно ги израдува своите обожаватели, овој пат со нов видео спот и песна.

Истата е дел од нејзиниот „This Is What the Truth Feels Like“ албум, насловена како „Misery“. Во видео записот пејачката носи неверојатни комбинации, почнувајќи од жолто транспарентно фустанче со мрежа, па сѐ до фантастичен Долче и Габана комплет.

Таа изгледа совршено во сите стајлинзи, вклучувајќи ги и шминката и фризурата, кои како и секогаш се едноставно совршени.

Во еден момент, таа носи црна перика комбинирана со шик кусо фустанче и високи латекс чизми над колената.

Подеднакво прекрасна е и во розовото нежно фустанче, но и сосема на крајот кога во празен простор вози велосипед облечена во раскошно украсено крем фустанче.

Погледнете го видеото на следниов линк.

1 јуни 2016

Други галерии

Празнична магија во Загре...

Ги одбравме најактуелните...

Првиот моден поздрав посл...

Дарко Лешоски вчера разда...

Најсмешните оскаровски ме...

Шешири, улична мода и лет...