Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

И кучињата имаат свој „Вог“...

Периодов во изолација, бевме сведоци на многу насловни страници направени од дома. Последниот таков пример беше насловната страна на „Инстајл магазин“ со Алиша Кис, која ја направи со помош на нејзиниот син. И Наоми Кембел се стилизираше и фотографираше сама за насловната страна на „Essence“.

И „Вог“ имаше неколку такви „проекти“, а тоа го поттикна Игор од Полска да направи модна библија и за кучињата. „Dogue IG“ е името на „модниот магазин за кучиња“, кој за сега функционира само како инспирација за модни фотографии за кучиња претставени во насловни страни на „Dogue IG“.

Игор вели дека неговата следна цел е да ги фотографира на ваков начин кучињата-бездомници, со цел да им најде нов дом.

Неверојатно интересни фотографии можат да се видат на овој профил, но тој не е единствениот. Постои уште една Инстаграм страна насловена како @coverdogs, каде навистина ќе се воодушевите од тоа како изгледаат насловните фотографии.

 

16 јуни 2020

Други галерии

Кралицата Елизабета и сит...

Улична мода Сплит: Трендо...

Ретро улична мода

Џенет Џексон денеска полн...

Каква мајка - таква ќерка

Колоритна и забавна уличн...