Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Инспирација од улична мода: Дотерани и на дожд

Дождот на многумина не им е омилен. Некои бидејќи забораваат чадори и тоа им е оптоварување повеќе, некои не го сакаат поради улиците, а други бидејќи шансата да бидат испрскани е голема.

Но, тоа што нè очкува подождливо време, не значи дека не можеме да изгледаме убаво. Потребни ви се три нешта со кои секоја комбинација што ќе посакате да ја носите ќе биде изводлива. Квалитетни чизми (оние за дожд се ултра популарни, но може и било кој друг модел кој нема да ви пропушта вода) или патики во кои можете да чекорите без проблем и на дождливи улици. Мантил/капут или јакна кои се како создадени за дождливо време и супер чадор.

Ако немате некое од овие парчиња, вреди да инвестирате. А ако ги имате, тогаш нема да имате проблем да облечете и одело и фустан, панталони или здолниште, бидејќи нема да се грижите за работите кои ве прават несигурни.

Галеријата во продолжение е само инспирација повеќе да не се обесхрабрувате и секогаш да бидете дотерани онака како што најубаво се чувствувате дури и во дождливите месеци.

26 ноември 2021

Други галерии

На забавата после „Златни...

(Фото) Сите нијанси на ле...

Лето во Белград – уличнат...

Фото: Матурска парада 201...

Фантастична улична мода з...

Трансформации со шминка:...