Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Јована Филиповиќ - колекција за жените-воини!

После подолга пауза, младата дизајнерка Јована Филиповиќ вчера во „Станица 26“ презентираше нова колекција. Креациите се обединети под името „ID-entity“, а за сезона 2020.

Присутните можеа да посведочат на нова Јована, која не отстапи од својата препознатливост, но ја надгради. 

Името на колекцијата, во себе ги содржи и „идентитет“ и „ентитет“, а токму тоа и го понуди дизајнерката. Таа презентираше парчиња за жени кои во себе имаат и воинственост исто колку и женственост. Имаат моќност исто колку и нежност. Забележливи беа и елементи од сафари естетиката, која ако ја преточиме во семантика може да значи патување - низ животот, низ модата и на креаторката и на тие што ќе ги носат креациите, а истовремено и блискост со природата, одразено преку употребата на префинети природни материјали.

Со доминација на црната, белата и беж нијансата, таа се држеше до универзалноста и класиката, но давајќи ѝ свој личен печат преку внимателно одбраните детали - брошеви, синџири, амблеми и медали, како директна асоцијација на војничките, преку кои се претставуваат најчесто чиновите. 

Исто така, понуди асиметрични парчиња, кои се и светски тренд, а кои им прилегаат на модно освестените и храбри жени, на какви и се наменети овие креации. Исто така, моделите меѓу себе се комплементарни, па повеќето и можат да се комбинираат меѓусебно.

Јована покажа моден идентитет, а потоа и ентитет во смисла на реално постоење, суштинско постоење и творење. 

Воедно, преку оваа војничка естетика, ставена во еден современ, Јована-Филиповиќ-контекст, како да им оддаде почит на сите жени кои во животот чекорат како силни воини!

 

16 декември 2019

Други галерии

Фото: Во ритамот на „Mace...

ФОТО: 35 години од култни...

Стоматолог од Бразил пату...

Живее по свои правила, а...

Улична мода во слободен с...

Супер атмосфера на Државн...