Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Јубилеен Виенски бал 2019 во Скопје

На 16-ти март, во сабота, во хотелот Александар Палас, по јубилеен, 20-ти пат ќе се одржи авангардната, културно-музичка манифестација Виенски бал 2019 во Скопје. Организаторот, Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на нашата земја, овозможува и македонската метропола да има свое, оригинално издание на Виенски бал. Со тоа Скопје, веќе две децениии, е дел од мапата на светски метрополи кои ја негуваат оваа вековна австриска традиција.

Виенскиот бал во Скопје има и хуманитарната нитка. Годинава, во текот на вечерта ќе биде организирана добротворна лотарија. Собраните средства и дел од средствата од билетите, ќе бидат доделени на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија ,,Без ограничувања“.

Во рамките на уметничката програма, оркестарот Јохан Штраус ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска. Грациозните танчари на Танцовиот клуб „Прима Данца" ќе имаат атрактивни танцови точки, а магијата на балетската уметност, на сцената на Балот, ќе ја донесат првенците на Балетот при МОБ Саша Ефтимова и Ендру Кук. Гостите ќе имаат можност да уживаат во настапите на ЗЏМ Биг Бенд, Арт Бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо и Лина Авшар. Ексклузивни гости се танчарите од Танцовата школа „Елмајер" од Виена, школа која е успешна заради уникатната комбинација на негување на традиционалните танци и отвореност кон нови танцови трендови.

Како и секоја година, дрес кодот на Виенскиот Бал во Скопје е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата. Водителка на годинешново јубилејно издание на балот ќе биде Вера Мештеровиќ.

14 март 2019

Други галерии

50 фотографии за 50 – тио...

Улиците на Милано преплав...

Важноста на семејството н...

Сериозно забавна мода низ...

Фото: Во ритамот на „Mace...

Што носат парижанките за...