Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Јунска мода на скопските улици

Јуни го донесе летното расположение на скопските улици. Скопско лето и во модна смисла.

Облеката станува полесна и пријатна за носење, кроевите добиваат лелеави и опуштени линии, а во изобилство на бои и принтови што му носат шареноликост на градот.

Низ уличките во Дебар Маало првите денови од календарското лето, објективот на Fashionel документираше сегмент од скопската улична мода.

Приоритетот е на удобните обувки, патики, сандали или чевли на ниска потпетица и на парчињата облека кои го надополнуваат ваквиот, генерално опуштен изглед. Дамите бираат миди здолништа со принтови, панталони со висок струк, но и монохроматски макси фустани со минималистичка естетика. Момците пак, патики и маички со принтови или натписи. Џинсот останува безвременска константа, независно од сезоните и временските прогнози.

Добредојде лето на скопските улици.

24 јуни 2022

Други галерии

Сите преслатки фотографии...

Совршено време за пруги?...

Летен моден поздрав од Ми...

Најдобри комбинации со пл...

Сезоната на летни фестива...

Традиционални портрети од...