Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Како да го искомбинирате вашето омилено миди здолниште ова лето?

Вистинските љубители на модата и миди здолништата знаат дека ова парче облека може да изгледа совршено без разлика на тоа за кој дел од годината станува збор. Со доволно креативност, миди здолништето се трансфомира во омилен моден елемент за жепките летни денови во комбинација со едноставни маички или елегантни топови; за преодните сезони во комплет со кошули, или пак во студените зимски денови во комбинација со удобни плетени џемпери.

Покрај тоа што лесно се прилагодуваат на секој стил, миди здолништата се идеално парче облека кога сакаме да ја издолжиме фигурата, да го нагласиме струкот и да создадеме елегантен и романтичен изглед, а наедно се и совршен избор за деловни и лежерни ситуации.

Погледнете неколку наши предлози како да го искомбинирате вашето омилено миди здолниште ова лето.

Фото: Pinterest

18 јули 2022

Други галерии

Модна недела Њујорк: Фенс...

Возбудлива улична мода во...

Родени во 80-тите, се сеќ...

Улична мода на скандинавс...

Најмодните моменти од Афр...

Селин Дион: Модна реинкар...