Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Како и зошто една пчела стана инфлуенсерка?

Кога ќе ги видите фотографиите на оваа пчела-инфлуенсерка, нема шанси да не ви измами насмевка. Но, зад овие симпатични фотографии кои може да се толкуваат и како пародија на инстаграм фотографиите на луѓето, постои уште една идеја, далеку позначајна.

Имено, една француска организација „Фондација на Франција" одлучила да го сврти вниманието на јавноста за тоа колку е важен опстанокот на пчелите за сите нас.
Низ овие фотографии, тие се трудат да пренесат порака за светот да ги сочува пчелите за да може да се сочуваме и самите.

Ова се вклопува и во приказната што „Нешнал Џеографик" неодамна ја пласираше со Анџелина Џоли, со нашата „Медена земја" и со пораката дека и покрај тоа што некој друг прави штета сите плаќаме.

Кој е мајсторот врз овие фотошоп фоготрафии не знаеме, но инфлуенсерката „Би" (Bee на англиски пчела) успеа да го привлече вниманието и да ја заследат преку 270.000 луѓе.

Сепак, последните објави се во месец април, кога е објавена и фотографија како пчелата „Би" починала од последици од пестицид, но коментарите и бројот на следбеници не престануваат.

Многумина велат дека е време да одберат друга „Би кралица" и да ја продолжат приказната, така што крајот на повеќето од публиката не им се допадна.

Но, она што секако на крајот е најважно е пораката дека борбата за сочувување на животната средина и пчелите е далеку од готова.

14 јуни 2021

Други галерии

Најфраерските комбинации...

„Голата мугра“ презентира...

Веќе е пролет на улиците...

Чао Милано: Моден поздрав...

Улична мода: Трендсетерки...

Секогаш сме ЗА пролетен м...