Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Како ќе изгледаа денешните апликации да бевме 1980-та?

Одговорот на ова прашање, поточно визуелниот одговор, го даде графичката дизајнерка Лули Кибуди. Оваа 28-годишна девојка од Аргентина, неодамна објави нова серија креативни решенија насловени  како „Си беше еднаш...“ , вметнувајќи ја и скратеницата за апликација во името (Once Appon a time).

Всушност оваа креативност е резултат од периодот поминат дома, како последица на пандемијата на Ковид-19.

Како што и ќе видите од фотографиите, во нејзините решенија, „Фејсбук“ е заборавен фото-алум,  „Microsoft Word“ е ретро машина за пишување, додека „Линкедин“ е весник. И нејзините решенија се привлечни и интересни и од причина што се вистина. Порано навистина се пишуваше на машина, додека пак, луѓето бараа работа преку огласи во весник, а фотографиите си ги покажуваа, убаво спакувани во фото-албуми.

Сите фотографии можете да ги погледнете на линкот „Once Appon a time.

17 јуни 2020

Други галерии

Најдобрите фотографии од...

Фото: Луѓето дома, остато...

Љубов за време на војна

(Фото) Есен во џинс

Фото патување низ Фиренца...

Најдобрите црни тоалети в...