Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Како познатите го поминаа Денот на мајките?

Секоја година на 14 – ти мај се одбележува Денот на мајките, а сосема нормално, познатите го прославуваат со разни забави, подароци и семејни средби на кои секој се радува.

Викендов, социјалните мрежи беа преплавени по повод Денот на мајките, па така можевме да видиме како некои од најпознатите ѕвезди го прославиле денот годинава.

Голем дел од нив се одлучија за семеен ручек со најблиските исполнет со многу забава, подароци и безброј фотографии кои подоцна можевме да ги видиме на социјалната мрежа Инстаграм.

Познатите мајки споделија фотографии на кои можевме да видиме како нивните дечиња ги израдувале со разни подароци и прекрасни пораки за кои им се заблагодарија.

Меѓу познатите кои денот решија да го поминат во прошетка со најблиските беа и Џастин Тимберлејк кој и се заблагодари на неговата сопруга Џесика Бил за сѐ што направила за нив, потоа Меган Фокс која уживаше во денот со сопругот Брајан Остин Грин и нивниот најмал син Journey, како и актерот Кристијан Бејл кој заедно со сопругата Сиби и двете деца уживаше во сончевиот ден во Лос Анџелес.

Во галеријата издвоивме некои од највпечатливите фотографии на познатите кои тие ги споделија на социјалните мрежи, а вие ги гледате во продолжение.

15 мај 2017

Други галерии

Моден поздрав од Шангај

Шармот на „старо“ Скопје...

Стилските приказни од ули...

Три биса за Здравко Чолиќ...

Скопје вечерва пееше во ч...

Како познатите честитаат...