Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Камерон Дијаз е кралица на едноставноста

Актерката Камерон Дијаз денеска го прославува 46. роденден. Кога ќе се направи ретроспектива на нејзиниот стил од првичните јавни појавувања до овие сега, се забележува голем напредок и зрелост. Ако во почетоците ја гледавме како лута, со комбинирање на различни ткаенини, принтови и бои, не секогаш среќно одбрани, со текот на годините Камерон ја пронајде својата магична формула - едноставноста.

Нејзин императив се едноставните кроеви и еднобојните комбинации. Ретко ќе ја видите во принт, уште помалку во комбинација на принтови. 

Мини изданијата ги смени со оние до колена. Џинсот е задолжителен во нејзиниот лежерен стил, кога камерите не се околу неа, или пак мисли дека не се. Ременот е еден од модните додатоци без кои не излегува од дома.

Со оглед на тоа дека отсекогаш имала совршена линија, со која и сега може да им парира на многу помлади колешки од неа, често бира и такви парчиња што ја истакнуваат. И со право. 

Промени во нејзиниот изглед имало кога е косата во прашање, па така ја гледавме и со кратка и со долга коса, пред неколку години одлучи да биде бринета, но русата коса е сепак нејзин препознатлив знак. 

Не дека не може да биде похрабра во модните изданија, сигурни сме дека одлично би ѝ стоеле, но од друга страна, подобро да се држите до тоа што најдобро го носите и во што најдобро се чувствувате, така и најдобро ќе изгледате, а Камерон е показател токму на тоа.

 

фото извор: vogue.com.au; popsugar.com; huffingtonpost.com; elle.com; pinterest.com;

30 август 2018

Други галерии

Две Македонки се вратија...

„Нешнал Џеографик“ - Најд...

„The Bridal fashion night...

ФОТО: 35 години од култни...

Принцовите од бајките во...

Како Кристофер Бејли го м...