Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Ким Кардашијан - жената која е попопуларна и од претседателот на САД

Ким Кардашијан – некогашна асистентка на Парис Хилтон, а денеска кралица на социјалните медиуми. Ја следат 190 милиони само на Инстаграм. Уште малку, па колку цела Нигерија. За споредба, претседателот на САД, Доналд Трамп го следат 87 милиони. Статистики велат дека нејзиното влијание и интересот за неа е далеку поголем не само од Трамп, туку и од цела листа познати личности од различни сфери.

Таа денеска го прославува 40 роденден. А од 2007 година кога започна шоуто „Кардашијанови“ до сега, не само што се менуваше нејзиниот стил и моден и животен, туку таа стана влијателно лице за цели генерации.

Ако во ова време на капитализам, секоја личност на социјалните медиуми се доживува како продукт, таа е неприкосновена кралица. Нејзиниот пристап на пласирање на речиси секој сегмент од нејзиниот живот – од облека, родителство, брак, се покажа за неа како мошне успешен.

Додека некои од познатите личност кои се мошне популарни, далеку подолго познати на јавноста и обожавани се трудат да го скријат приватниот живот и ретко што се знае (Том Хенкс или Кејт Бланшет на пример, па дури и Мадона), Ким го направи сосема спротивното – се доближи до обичниот народ (привидно или реално?) и заработи и се' уште заработува на нивната љубопитност.

Можеби прашањето зошто е популарна не е толку актуелно, колку што е како успеа во тоа? Како една просечна Американка може да го „продаде" своето тело и животен стил така успешно за да стане глобално позната ѕвезда? Како некој што има книга за селфи фотографии во која речиси и да нема текст, туку само нејзини фотографии, или што го скенираше својот задник на телевизија за да докаже дека е вистински, успеа да стане една од најзборуваните, следените, влијателните, моќните, истовремено и најкритикуваните фигури на модерното време?

Сепак, тој публицитет и критицизам одат во нејзина полза. Уредник на еден престижен магазин ќе рече, а „Гардијан" ќе пренесат, како „Постојат моменти кога Ким Кардашијан е како Енди Ворхол на нашето време. Мајстор за публицитет. Но, кога ќе се размисли подобро, таа е она што ренесансниот научник Стивен Гринблат го мисли под поимот „self-fashioning" – презентација на она што си и кој си, не како нешто фиксно и приватно, туку како нешто што самиот си го создал, речиси за опстанок.

Без оглед на нејзините мотиви, она што станува се' поцврст факт е дека таа е (и ќе биде) сведок за едно време, генерации, вредности и реалност, обратнопропорционална на онаа пред (само) 30 години и повеќе.

21 октомври 2020

Други галерии

Еклектична улична мода во...

Фото: Инстаграм наспроти...

Улична мода: Трендсетерки...

Фото: Скопје ЗОО го просл...

Фотографии кои не сте ги...

Улична мода Лондон: Момци...