Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Комплетна трансформација: Адел за роденденот смени фризура

Адел денеска го прославува 32. роденден. И изгледа одлучи да се почести со нова фирузра. Имено, на Инстаграм се појави фотографија на која Адел има сосема кратка, машка фризура, што многумина ги изненади. Освен тоа, ја смени и бојата на коса, односно доминираат русите тонови. 

Но, на радост или разочарување на многумина, сепак се работи за монтажа. Имено, фотографијата е од дизајнерот и илустраторот попознат како hey_reilly, кој е препознатлив по тоа што прави вакви монтажи на фотографии со славни личности.

Сепак, успеа да излаже многумина, па веќе се појавија бројни коментари со “суд“ дали новата фризура ѝ стои или не.

Но, без разлика што ова не е вистина, сепак уште еднаш се потврди дека Адел има неверојатна моќ на трансформација.  Таа на сцената се појави во 2007 година, за низ годините да направи транформација. Беше една од оние кои совршено знаеја да ги носат килограмите и поради тоа многумина дополнително ја обожуваа. Сепак, минатата година се појави видно ослабена, со комплетна трансформација и на изгледот и на стилот.

Од тогаш гледаме една поинаква Адел, која повторно предизвика поделени ставови. Но, она во што сите се согласуваат е дека има неверојатен глас. Се шушка дека го подготвува новиот албум, но до тогаш, ве потсетуваме на тоа како се менуваше низ годините, барем кога е физичкиот изглед во прашање.

 

фото: instagra.com/ #adele; lifeandstylemag.com; @hey_really; 

5 мај 2020

Други галерии

Холивудските бебиња на пл...

Познатите модели на нивни...

Грижлив татко ги фотограф...

Фото: Сите креативци на „...

Како изгледа деновиве мо...

Новогодишна изложба на ра...