Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Кралското семејство ѝ оддаде почит на починатата кралица

Во рамки на сите традиционални обреди во пресрет на погребот на кралица Елизабета Втора кој ќе се случи на 19 септенври, се одржа и поворката до Вестминстерската сала, каде кралското семејство, вклучително и принцовите Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл се собраа да ѝ оддадат почит на покојната кралица.

Според вообичаениот протокол, жените беа облечени во црни палта, црни фустани со должина до колената и формални шапки и црни превезени капи.

Накитот, како што е традиција за кралското семејство, и овојпат носеше посебна симболика.

Принцезата од Велс избра обетки од дијаманти и бисер кои некогаш ѝ припаѓале на принцезата Дијана и брош од детелина со три дијамантски листови и бисер што некогаш и припаѓал на кралицата Елизабета Втора.

Војвотката М еган пак, се одлучи за пар обетки од бисер и дијамант, кои ѝ ги подари кралицата Елизабета Втора во чест на нивното прво појавување заедно во 2018 година.

„За време на целиот овој период и сите церемонии и различни настани што ќе бидат одржани во чест на кралицата, членовите на кралското семејство треба да се придржуваат на конкретен кодекс на облекување во знак на почит кон долгогодишниот монарх.“

Фото: Vogue и Elle

16 септември 2022

Други галерии

Македонската филхармонија...

Најскандалозните фустани...

Фото: Костимска проба за...

Вака изгледа внатрешноста...

Модна пролет во Берлин

Ова се најуникатните луѓе...