Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Летен моден поздрав од Милано

Во моментов во Милано се одржува модна недела посветена на машката мода. Дизајнерите ги претставуваат ревиите за пролет 2018 година, но ништо помалку интересно не е ниту низ улиците на Милано. 

Мажите преферираат кошули на риги, бела боја и летни одела, додека кај жените доминира трендот на широка силуета и цветен принт.

Кога ќе ги погледнете ќе добиете точна асоцијација за тоа како изгледа летото и модата во овој дел на италијанската модна метропола.

Интересниот избор на парчиња го надополнуваат модните додатоци, а кога се обувките во прашање, влечките доминираат, веројатно на радост на многумина мажи. 

Нема потреба да се потенцира дека Италијанците не стравуваат ниту од принт, ниту од боја, па затоа и нивните комбинации се свежи и весели. 

Како и да е, погледнете ја галеријата во продолжение и уверете се сами.

20 јуни 2017

Други галерии

Сите жени се убави: Фотог...

Фотографии што кажуваат с...

(Фото) 37-то издание на М...

Каква мајка - таква ќерка

Највпечатливите модни изд...

На денешен ден е родена Л...