Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Летна улична мода во Копенхаген

Престолнината на Данска во 10 до 13 август беше домаќин на ново издание на модната недела, реализирана со почитување на сите мерки против пандемијата кои се на сила во оваа држава.

Така, ревиите беа одржани, но со значително помал број, а новитет беше тоа што сиот материјал беше достапен и на „Јутјуб" платформата па можеше да се следи тековно.

Новинарите, потенцијалните купувачи и инфлуенсери повторно се најдоа во првите редови и ги проследија модните шоу-а кои беа подготвени.

Но, модно шоу имаше и низ улиците на Копенхаген. Скандинавците понудија вистинска разновидност - од деловни и елегантни стајлинзи до оние со предимензионирани парчиња, од влечки (кои и беа најзастапени обувки) преку сандали до чизми.

Индивидуалноста и модната игра се сосема доминантни на фотографиите што ќе ги видите во галеријата и затоа не изненадува фактот што модната сцена во Данска се' повеќе го привлекува внимание на модните познавачи ширум светот.

16 август 2021

Други галерии

Плажата Златен ‘Рт на Бра...

Највпечатливите изданија...

Прекрасни камп приколки з...

Долче и Габана колекција...

Фото патување низ Фиренца...

Модна пролет во Берлин