Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Магично Скопје: Креации од светлина направија волшебство во главниот град

Во тек е третото издание на фестивалот „Skopje Light Art District". На 18 локации низ Скопје, може да се погледат фантастични креации од светлина и бои, изложби, 3Д мапирања и перформанси, од 25 уметници.

Ако сте поминале низ центарот на градот или во Парк, веруваме дека сте забележале некои познати места во сосема ново „руво“, а уште посигурни сме дека тие предизвикале воодушевување.

Доколку пак се уште не сте прошетале, не пропуштајте ја зелената рута која почнува од Камениот мост, по кејот на реката Вардар, потоа зградата на МЦМ и Градскиот парк. Имате шанса да посведочите на уметничка магија на нашиот главен град.

Фестивалот трае до сабота (заклучно со сабота), па ако уште не сте одлучиле што да правите викендов, прошетка исполнета со светлина и бои нека биде на вашата агенда.

 

фото: fashionel.mk и facebook.com/SkLAD2019;

21 август 2020

Други галерии

Вирален тренд во уредувањ...

Токио: Улична мода во пои...

Фраерски бомбер јакни во...

Октомвриска улична мода

Убавината на Моника Белуч...

Одлични трансформации: Фр...