Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Модното шоу на „Коачела“ 2017

Годинашното издание на музичкиот фестивал „Коачела“, поточно првиот викенд, помина во знакот на големи музички ѕвезди, но и по најсмелите и најлуди стајлинзи, кога е модата во прашање. Всушност, како одминуваат годините, така модата ја „надвладува“ музиката. 

Ријана предизвика вистински „бум“ со креацијата од „Гучи“, која за многумина беше тотално промашување. Од друга страна пак, Селена Гомез и The Weeknd од светските медиуми беа прогласени за една од најслатките двојки на фестивалот. Меѓу присутните ѕвезди беа и Џордан Дан, Кендал Џенер, Кајли Џенер, Леона Луис, Никол Шварцингер, Никол Ричи, Хејли Болдвин и многу други...

Генералниот впечаток на оние што ја посетиле, како и на модните инсајдери е дека голотијата и откачените комбинации се сè подоминантни, па да се изберат најдобрите е малку потешко. 

Кога е музиката во прашање, настапот на Лејди Гага, која презентираше и нов хит, е прогласен за еден од најдобрите, додека оној на Radiohead е оценет како вистински дебакл. Дел од музичката програма беа и Кендрик Ламар, Лорди, The XX и други. 

Посетителите сметаат дека ова издание на „Коачела“ и покрај напнатата политичка ситуација беше едно од најаполитичните. Светските медиуми ја пофалија различноста, како и големиот избор на настани (што според некои понекогаш е и премногу голем), а меѓу нив беа и презентациите на брендовите H&M, Revolve, „Викторија сикрет", „Москино", и други...

Имајќи предвид дека цената на билетите за годинашното издание беше поскапа од лани и посетеноста е и повеќе од задоволителна. Имено, почетните цени за тридневното фестивалско уживање почнуваа од 399 долари, за разлика од минатата година, кога почетната цена изнесуваше 375 долари. Цената на ВИП влезниците пак е 899 долари по личност.

Во продолжение погледнете го модното шоу на еден од најпопуларните фестивали:

18 април 2017

Други галерии

Кога ќе се спојат модата...

Приказната за пустината в...

Кој бил највпечатливиот ф...

Досега необјавени фотогра...

Јадран во лето '80

Фото-портрети: познати ма...