Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

На денешен ден е родена Џеки Кенеди

Жаклин Ли Бувије или Џеки Кенеди Оназис, се смета за икона на стилот. Нејзиното модно портфолио го градеа најпознатите имиња од модната индустрија како Коко Шанел, Хубер де Живанши и Кристијан Диор.

Својата женственост ја истакнуваше преку широка палета на модни парчиња како панталони,шарени кошули, свилени марами, големи очила за сонце, гламурозни наметки и софистицирани модели на фустани и тоалети.

И после смртта во 1994 година Џеки продолжи да владее на модната сцена како една од најпознатите стилски икони на сите времиња. 

Џеки е родена на денешен ден 1929 година во Њујорк, во богато семејство. Татко ѝ бил брокер, а мајка и позната дама во високите кругови.

Уште како дете таа имала голема самодоверба, а тоа најмногу се должело на татко ѝ кој ја фаворизирал повеќе од останатите свои деца.

Токму таа самодоверба ќе ѝ го пробива патот и ќе ја однесе до позицијата прва дама на САД.

Ќе следуваат подеми и падови, но Џеки умешно ќе се издигне над сè и ќе остави траен печат како една од најмаркантните дами во историјата.

28 јули 2023

Други галерии

Што прават девојките кога...

Најдобрите црни тоалети в...

Фото: Струмички карневал...

Најдобрата фотографија со...

Забавата после Оскарите п...

Адријана Лима една од нај...