Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најдобрите црни тоалети видени на црвените килими

Црната боја е безвременска и има потенцијал кој ги надминува сите останати привремени трендови. Црната е далеку од здодевна. Таа е мистериозна, моќна, авторитативна, впечатлива и смела, но и скромна во исто време. Не е ни чудно што секоја елегантна креација изгледа најдобро во црна варијанта.

Модните стилисти препорачуваат во гардероберот да имаме барем неколку црни парчиња облека кои можат да се искомбинираат заедно за да се постигне еден таков смел и елегантен изглед во кој ќе изгледаме цврсто и добро во секоја ситуација.

Црната боја е одличен избор при креирање на свечени, секојдневни и деловни комбинации, а особено препорачлив за формални настани, како црвениот килим. Но, иако ѕвездите кои се појавуваат на овие церемонии најчесто сакаат да блеснат во низа бои и текстури, понекогаш раскошот и луксузот можат да се канализираат и преку елегантен црн фустан, кој дури и со својата едноставност ѝ помага на самодовербата на оној што го носи да зрачи уште посилно.

Убавината на црниот фустан лежи токму во отсуството на боја. На тој начин, тој ѝ дозволува на силуетата да блесне, а во исто време дозволува и смели игри со мешани ткаенини, транспарентност, слоеви и текстури, како и модните додатоци и накитот.

Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите црни тоалети видени на црвените килими кои го заслужуваат своето место во модната историја.

Фото: Vogue

2 ноември 2022

Други галерии

Стилот на Меланија Трамп...

Кога политичарите би биле...

Јануарска улична мода од...

Есенски трендови: 20 начи...

Новата колекција на Маја...

Зимска улична мода