Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најдобрите комбинации од уличната мода во Копенхаген

Веднаш по онаа во Стокхолм, се случи модната недела во Копенхаген на која беа прикажани дизајнерските колекции за сезоната есен/зима 2017 година.

Како и секогаш, скандинавските девојки повторно покажаа зошто важат за едни од најстилските во светот на модата, особено во последните неколку години.

Оваа студена сезона тие парчињата ги комбинираат на интересен начин, особено дебелите и стилски џемпери со некои летни здолништа или панталони.

Особено популарна во моментов е розовата боја, а се чини тие оваа сезона навистина ги сакаат сите светли нијанси како белата, металик, сината, портокаловата и виолетовата.

Класичните модели на фармерки, фустани и панталони тие ги надополнија со различни детали, додатоци, светкави моменти, реси и што уште не со што повторно внесоа една шик димензија во секоја комбинација.

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за некоја зимска комбинација во студените денови кои се надеваме наскоро ќе завршат.

3 февруари 2017

Други галерии

Фото: Изложба на Ind.о.g...

Актерската екипа на „Тита...

Македонка во 10-те финали...

„Голата мугра“ презентира...

Пролетно дружење во Max...

Ателјето на „Шанел“ во Се...