Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Најмалите доминираа во стилски комбинации низ улиците на Сеул

Супер шик комбинации го преплавија Сеул за време на тамошната модна недела, а сосема во нивен стил, младите момци и девојки се појавија во уникатни комбинации преку кои го изразија својот силен карактер. Како и секогаш, оваа млада популација изненади со изборот на стилски комбинации поинакви од сите останати. Тие се одлучија за богата палета на бои, интересни принтови и форми, почнувајќи од цветни па сѐ до металик избори. Низ улиците на Сеул можевме да видиме и многу луксузно крзно, џинс во сите форми и бои, кожа и секогаш стилската свила кај наметките. Но, она што доминираше и дефинитивно го задржа вниманието на сите присутни, беа малите, слатки момчиња и девојчиња со неверојатен стил. Тие беа во центарот на вниманието во придружба со нивните родители кои навистина се погрижија за стилските комбинации на нивните малечки кои изгледаа неодоливо. Во галеријата погледнете како изгледаа улиците на Сеул за време на тамошната модна недела.

31 март 2016

Други галерии

Ова се најдобрите фотогра...

Улична мода Сплит: Откаче...

Актерската екипа на „Тита...

Врамени цитати – ефективе...

Лето во Белград – уличнат...

Плажата Златен ‘Рт на Бра...