Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Одржан маршот „Напред розово“: Пациентите со сите малигни заболувања нема повеќе да плаќаат партиципација

Кај Школка во „Градскиот парк“ вчера се одржа традицоналниот марш „Напред розово“ во организација на здружението „Борка“. Под нивното мото „Чекори против ракот на дојката“, вчера се чекореше за сите оние што се борат со оваа болест или загубиле некого прерано.

Како велат од здружението, се покажа дека ваквите иницијативи сепак предизвикуваат промени.

„Горда сум што можам да ве известам дека успеавме да направиме промени и во најскоро време пациентите со сите малигни заболувања нема повеќе да плаќаат партиципација и ракавицата за лимфедема ќе биде на товар на ФЗОМ“, соопшти на социјалните мрежи Биба Додева, претседател на здружението.

На маршот присуствуваа голем број познати личности, како и министерот за здравство Венко Филипче и првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, со порака дека оваа борба е заедничка.

Присутните на настанот имаа можност подетално да се информираат за болеста, да донираат средства, како и со своето доаѓање да покажат солидарност и поддршка на сите кои им е потребна.

Во галеријата погледнете дел од атмосферата: 

7 октомври 2019

Други галерии

Дали се ова најубавите то...

Февруарска улична мода во...

Стилски времеплов преку к...

Колоритна и забавна уличн...

Ѕвездата на „La casa de p...

Одлични трансформации: Фр...