Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Модна доминација на Шарлиз Терон низ 46 фотографии

Една од омилените холивудски актерки, воедно и една од најубавите жени на денешницата, Шарлиз Терон го прославува својот 46 роденден.

Со таа причина направивиме ретроспектива на 46 највпечатливи изданија на оваа модна кралица, иако секако ги има и повеќе.

Со оглед на нејзините физички предиспозиции, ретко што не ѝ прилега, иако во нејзината кариера имала и модни промашувања.

Но, овојпат ние акцентот го ставаме на нејзините супер стилски изданија. Ќе забележите дека, особено за нејзините јавни појавувања на црвениот килим, најчесто бира елегантни црни или бели или пак комбинација од црни и бели парчиња.

Што и да облече, зрачи со женственост и сексапил.

Направи многу трансформации во имиџот, особено со косата (која патем во секое издание убаво и прилега), па досега сме имале прилика да ја видиме во различни стилски фазони, од романтични и женствени до унисекс комбинации што одлично ги синхронизира со кратката коса.

-Неверојатно сум среќна и се чувствувам исполнета, млада и здрава, зарем тоа не е најважнио?! Кога веќе ме прашувате за сите скапоцени фустани што ги поседувам можам да ви кажам сум сигурна дека повеќето од нив нема никогаш да ги облечам, вели актерката во една пригода и додава дека многу гардероба им поклонува на пријателките.

- Жените ја пронаоѓаат својата сила и моќ преку сексуалноста и сензуалноста во текот на созревањето, стареењето и добрата облека. Иронично е концептот за убавината да се врти само околу дваесетгодишните кои се уште немаат мудрост и не знаат што е животот. Кога жената станува свесна за својата вредност, не поради мажите туку поради себе, тогаш тоа е прекрасно. Затоа, верувам дека е вистина кога луѓето ќе кажат дека 40-тите се најдобрите години за жените, завршува Шарлиз.

Немаме што да додадеме, освен да ги погледнете фотографиите во галеријата и да се инспирирате.

Фото: Пинтерест

 

7 август 2021

Други галерии

50 пролетни комбинации за...

„Во цут“ – ренесансни мот...

Свежи идеи од зимската ул...

Дајана пред Лејди Ди – де...

Ништо не е исто: Модниот...

Божица и на големото плат...