Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Познатите го искористија Халовин да се разголат

Како и секоја година, познатите едвај го чекаат популарниот празник Халовин да ги покажат костимите кои ги смислувале во текот на целата година.

Најчесто, станува збор за костими кои покажуваат што е можно повеќе кожа, а тоа не беше изоставено ниту годинава.

Се разбира, Хајди Клум и годинава ја освои наградата за најдобар костим, овојпат, за лиот на Фиона чија маска не можеше да биде подобро изработена.

Нејзиното момче Том имаше подеднакво добра маска, прикажувајќи го ликот на Шрек во едно од најдобрите изданија што сме ги виделе досега.

Тие беа вистински хит на забавата на познатиот супер модел, а подеднакво посетена беше и онаа на Ким Кардашијан во Лос Анџелес.

На истата, сестрите Кардашијан се „маскираа“ во ангелите на Викторија, очекувано, тотално разголени го привлекоа целото внимание на фотографите.

Ријана и Рита Ора се појавија во секси костими на забава во Лондон, додека Емили Ратајковски во шоуто на Џими Кимел се појави во кожени бикини како ликот на Ракел Велч од филмот One Million Years.

Дел од познатите и нивните костими ги гледате погоре во галеријата.

Инфо и фото: Дејли Мејл

1 ноември 2018

Други галерии

„Експлозија“ од бои во пр...

Шармот на уличната мода в...

Првата кампања на Марија...

50 стилски изданија за 50...

Летен моден поздрав од Ми...

Урбан микс на стилови на...