Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Првата кампања на Марија Грација Кјури за Диор е совршена

Новата креативна директорка на еден од најдобрите светски брендови Диор, Марија Грација Кјури конечно ја претстави првата кампања за модната куќа и како што очекувавме, истата е неодолива. Фотографиите ги направи Брижит Лакомбе, а во улога на модели се близначките Рут и Мае Бел. Светот веќе се запозна со магичните парчиња на првата дама дизајнерка на Диор, а ова е уште една прилика да видиме колку се тие посебни. Секое парче одлично се вклопи во црно – белите фотографии кои на посебен начин го пренесуваат духот на Диор, но и личниот печат на дизајнерката. „Ми беше многу важно ова да биде женско снимање. Ме интересираат различни интерпретации на женственоста, а Лакомбе е една од оние жени кои знаат да „фатат“ различни погледи на светот. Задачата ни беше да ви претставиме еден нов, модерен поглед на женственоста и на што тој збор воопшто се однесува“, вели Кјури за едиторијалот.

21 декември 2016

Други галерии

Како Македонците го прече...

„Експлозија“ од бои во пр...

Оскаровските Vanity Fair...

Јунска улична мода во Ско...

Јулска улична мода во Ско...

Ретро улична мода: Се вра...