Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Ријана ги собра ѕвездите на афтер парти по Мет галата

Сосема очекувано, по завршувањето на Мет галата како и секоја година, познатите ѕвезди вечерта ја продолжуваат на забавите организирани од дизајнери, музичари и други истакнати личности.

Се чини оваа година најголем интерес имаше за забавата што ја организираше Ријана каде се упатија најголем дел од познатите меѓу кои и Блејк Лавли, Кендал Џенер, Бела и Џиџи Хадид, Зое Кравиц, Шон Комбс, Идриз Елба, Мери Џеј Блајџ, Луис Хамилтон, Фарел и уште многу други.

Паралелно со забавата на Ријана, дизајнерската икона Донатела Версаче и младиот и истакнат креатор Оливие Рустенг од Балман организираа подеднакво гламурозни забави на кои се појавија голем дел од нивните пријатели.

Како што беше и на самата Мет гала, и на забавите по завршувањето на истата, најголемото внимание беше насочено кон музичката дива Ријана која овојпат се појави во сребрен комплет од Нина Ричи и шик очила за сонце.

И нејзините пријателки беа супер стилски, облечени во полежерни, но подеднакво блескави креации како и на црвениот килим на Мет галата.

Погледнете ги во галеријата погоре.

Извор и фото: Daily Mail, Vogue

8 мај 2018

Други галерии

Улична мода на африкански...

Плажа на фламингосите – о...

Таа има 60 години и е ѕве...

Грејс Кели: Принцезата од...

Улична мода – мајки и ќер...

Стилски ентузијазам за по...