Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Руска артистка со бизарни фотографии стана сензација на интернет

Интернет просторот веројатно се презаситува од еднолични трендови, па младите креативци се во постојана потрага како да се „одвојат" од просекот, па макар тоа било и на бизарен начин.

Овој пристап го искористи 25-годишната руска артистка Елен Шеидлин – Шеидлина и не погреши, затоа што ѝ донесе голема популарност на социјалните мрежи, што всушност и била нејзината цел.

На моменти морничава и експериментална, а на моменти чудна и ексцентрична, нејзината алтернативна уметност е концептуална и слоевита, отворајќи различни теми за дискусија на карактеристичен начин. Во својот уметнички зраз користи мултмедијален пристап што вклучува комбинација од фотографија, дигитална уметност, мода и шминка. Иако се чини дека нејзините композиции се некомфорни, во секој случај се импресивни и го задржуваат вниманието.

Нејзиниот Инстаграм профил во ниту еден аспект не е регуларен профил на модна блогерка, туку напротив, токму нејзината нестандардност ѝ ја донесе популарноста која во моментов се брои во околу 4,5 милиони следбеници на Инстаграм.

Таа беше доволно храбра да се издвои од своите врсници, а тоа ѝ донесе успех.

Фото: Bored Panda

 

15 јуни 2020

Други галерии

Најмодните моменти од Афр...

Досега необјавени фотогра...

Ова се најдобрите фотогра...

Првата кампања на Марија...

#FWSK20 од другата страна...

Највпечатливите стајлинзи...