Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Шест излози во Скопје добија сосема нов изглед

Новиот фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот, беше отворен завчера во центарот на градот. Иако прво издание, заинтересираноста беше голема, а љубопитните граѓани се упатија накај шесте продавници, односно излози кои добија нов лик.

„Култура“, „Хронометар“, потоа „Литература.мк", Пасажот до „Литература“ на улица „Македонија“ ќе ви го привлечат вниманието.

Но, она што никако не смеете да го заобиколите е „Театарот за деца и младинци“. За жал, оваа институација долго време имаше неугледни излози, кои едноставно ги одминувате. Благодарение на фестивалот на излозите, Театарот за намладите доби излози што раскажуваат приказни. 

На крај од прошетката, не заборавајте да појдете и до продавницата „Линдт“ на крајот од „Улица Македонија“, каде ќе ве необичен излог.

Дел од сработеното ви го презентираме во продолжение, а сепак вие имате шанса и во живо да ги видите и тоа до 17. декември. Навечер се уште повпечатливи.

Настанот е во организација на WDW Movement, а со поддршка на Амбасадата на Швајцарија.

12 декември 2019

Други галерии

Како се облекуваше Лејди...

Трансформирајте се во бож...

Јулска улична мода во Ско...

Канскиот филмски фестивал...

Дајана пред Лејди Ди – де...

Фото: Светска мода низ ул...