Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Simply the best: Тина Тарнер полни 80 години!

Легендарната Тина Тарнер денеска го прославува 80. роденден. Енергична, со моќен глас и препознатливи движења на сцената, таа на многумина им стана омилената рок дива.

Иако со бројни здравствени проблеми, Тина денеска за „Мирор“ изјави дека се чувствува одлично и дека не мислела дека ќе изгледа така добро на 80 години.

„Имам 80 години. Како мислев дека ќе изгледам на 80 години? Не вака. А, изгледам одлично! Се чувствувам добро. Поминав низ некои сериозни здравствени проблеми, но тоа е како да добив втора шанса за живот. Среќна сум што имам толку години. Знам дека мојата „авантура“ со здравјето не е завршена, дека секогаш ќе постои уште еден преглед, уште една биопсија, уште еден доктор. Но, ја имам поддршката од сопругот, блиски сме како никогаш до сега и тоа е причина за славје“, вели пејачката.

За потестување, во 2013 има мал мозочен удар, а од последиците морала да учи одново да оди. Три години подоцна добива дијагноза дека ѝ откажува еден бубрег и дека има рак на дебело црево. Докторите ѝ отстрануваат дел од дебелото црево, но проблемите со бубрегот се влошуваат и во една прилика ќе изјави дека дури размислувала за евтаназија. Но, нејзиниот втор сопруг Ервин Бак ѝ донира бубрег, па Тарнер имала успешна трансплантација во април 2017. Две години подоцна еве, го прославува 80. роденден и е доказ дека никогаш не треба да се откажеме.

Во галеријата погледнете како пејачката се менуваше низ годините и физички и со стилот. Препознатлива по сценските костими кои речиси секогаш вклучуваа многу светки и сјај, како и волуменозната фризура, со текот на годините нејзиниот изглед стануваше посведен. Во 2009 го одржа последниот концерт и се повлече од јавниот живот. Со години наназад живее во Швајцарија и ретко се појавува на настани.

 фото извор: instagram.com/tinaturner;

 instagram.com/tina.turner;

 instagram.com/ike.tinaturner; 

26 ноември 2019

Други галерии

Првиот моден поздрав посл...

Погледнете ги најслатките...

Улична мода Лондон: Момци...

Вера од „Љубојна“ авангар...

„Откачена“ фестивалска мо...

Улична мода во Јапонија –...