Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Скопје нè задолжи да бидеме солидарни

Скопје треба да се сака секогаш. Денеска, кога се одбележуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, се појавува и носталгија, испомешани тага и среќа, но и уште поголема љубов.

Без разлика колку пати сме се изнервирале на метежот, колку пати сме прокоментирале колку многу работи му недостасуваат на Скопје, сме посакувале да изгледа поинаку, да се живее поинаку, сме се радувале на новото или сме го посакувале старото, без разлика колку пати сме се сопнале или скокале од среќа по неговите улици, она што не (треба да) му недостасува е љубов и солидарност.

Гледајќи ги фотографиите од земјотресот и потоа, имајќи увид дека за неполна година Скопје повторно се издигнува, ја сфаќате големината за тоа што значи да се биде солидарен. Овој град дише во тој дух и секојдневно треба да нè потсетува колку всушност често забораваме на значењето и моќта што ја има, во секој контекст. Во животен контекст.

Солидарност, сочуствителност, солзи, сеќавања, среќа, смеа, семејство, сокаци, сплотеност, спомени, соништа  - сè е тоа Скопје!

Некогаш и (за)секогаш!

 

фото извор: www.thiscityknows.com ; www.facebook.com/thiscityknows/

26 јули 2018

Други галерии

Најпопуларните насловни н...

Најдоброто од 1970-тите

Познатите пред нивната „м...

Февруарска улична мода во...

Скандинавска мода од улиц...

Многу светки и голотија н...