Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Скопски маратон '21 низ фотографии: Срушени рекорди, Аква мен, запросувања...

Преку 6000 тркачи во неделата навестија прекрасен ден и ги исполнија скопските улици со позитивен дух, спортска енергија и безброј насмевки. Под специјален протокол за заштита од Ковид-19, се одржа 17тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

Учесниците кои беа пријавени на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ стартуваа во 8:00 часот, а трката на 5км започна во 8:10 часот. Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години.

На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, од машката категорија прв до целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, со што го сруши македонскиот рекорд и го постави новиот рекорд на Виз Ер Скопскиот маратон, второто место го освои Младен Стеванович, со време од 02:34:54, а на третото место се најде Давид Перлич, кој патеката ја истрча за 02:38:26.

Од женската конкуренција, првото место го освои Андријана Поп-Арсова, која маратонот го истрча за 02:40:36 и го сруши досегашниот македонски рекорд во женска конкуренција на маратонот, второпласирана е Силвија Александра Паредер Јукаилла, со време од 02:43:43 и третото место го освои Весна Кираџиева со време од 03:23:42.

И оваа година видовме трчачи во маски, а вниманието дефинитивно го привлече „Аквамен“. Но, она по што ќе се памети годинашното издание на маратонот се и неколкуте запросувања.

„Среќни сме што и оваа година успеавме да ги исполниме скопските улици со насмевки, спортски дух и радости. Прекрасна е глетката кога на улиците на главниот град ве обзема звукот на чекорите на маратонците. Посебно ни е драго што и оваа година успеавме да организираме спортски настан, почитувајќи ги сите мерки за заштита од Ковид-19, со што докажавме дека со добра дисциплина можеме да направиме се. Им честитам на сите учесници, победници и волонтери за успешно завршеното 17то издание на Виз Ер Скопски Маратон" порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Во галеријата мал преглед од настанот кој секогаш носи позитивни вибрации во градот.

4 октомври 2021

Други галерии

Вака денеска изгледаат ти...

„Патеки“ – нова колекција...

Долната облека низ години...

Фантастични трансформации...

Креациите што блеснаа на...

Плажа на фламингосите – о...