Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Скопски маратон - Трка на радоста

По специјален протокол за заштита од Ковид-19, викендов се трчаше Виз Ер Скопски маратон под мотото „Трчањето ќе те промени". Поради пандемијата со Ковид-19, на маратонот оваа година трчаа ограничен број на учесници, 1.500, во три дисциплини, маратон, полумаратон и штафетен маратон. Стартот и целта на учесниците беше пред СЦ Борис Трајковски, а патеката по која што трчаа остана иста како и минатите години.

Тие што макар еднаш биле дел од ваков спортски настан, посведочиле на прекрасна спортска, тимска атмосфера, која ве полни со добро расположение. А иако во посебни услови, насмевките не изостанаа и на ова 16 издание на маратонот и дефинитивно уште еднаш се покажа дека овој настан може да се нарече и трка на радоста. 

Победник на државното првенство во маратон на Македонија во организација на Атлетска федерација на Македонија е Дарио Ивановски со време од 02:31:16, на второ место е Александар Кираџиев со време од 02:40:57, а на трето место заврши Марјан Бонев со истрчан маратон за време од 02:42:41.

Во женска конкуренција, победник на државното првенство во маратон е Адријана Поп Арсова 02:58:14, на второ место за време од 03:13:21 заврши Билјана Кираџиева, а на трето место е Весна Кираџиева со време од 03:27:41.

Во државното првенство во полумаратон победник е Атанас Анчевски со време од 01:14:09, на второ место е Милош Ранчиќ со полумаратон истрчан за време од 01:14:19, а на трето место со време од 01:17:20 заврши Димитар Петровски.

Најдобра во женска категорија на државното првенство во полумаратон е Милјана Ристиќ со 01:26:31, Сања Најдовски се најде на второто место со 01:38:33 и на третото место заврши Маја Рајчина со време од 01:38:52.

Честитки до сите, а во галеријата погледнете и дел од атмосферата. Повеќе фотографии можете да најдете на официјалната фејсбук страна на Скоспки маратон.

5 октомври 2020

Други галерии

Како да носите жолто? 25...

Уличен моден поздрав од С...

Гламурозната забава после...

Русинките од урбаните ули...

Инспирација од улична мод...

Како познатите честитаат...