Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Со песна од Атиџе заврши годинашното издание на „Македокс“

Куршумли-ан беше местото каде во средата конечно се случи македонската премиера на документарниот филм што го освои светот - „Медена Земја“. 

Домашната публика со месеци наназад читаше туѓи впечатоци и интерпретации на приказната за Атиџе, пчелите, човештвото и природата, но сега имаше можност да создаде свои. Воедно, присутните во живо можеа да ја видат екипата што го создаде документарниот филм (режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот Атанас Георгиев, снимателите Самир Љума и Фејми Даут), но и прекрасната Атиџе. 

Насмеана, расположена и благодарна за сето внимание, Атиџе ја почести публиката со песна, што секако беше проследено со огромен аплауз, за потоа забавата да продолжи со „Фолтин“.

Последниот ден од фестивалот беше резервиран и за доделувањето на наградите и тоа:

1. Награда „Кромид" – за најдобар филм во главната програма - „Соло" (Чешка, Франција, Аргентина,Австрија/ 2019/ 84мин. ) – Артемио Бенки

Специјално признание во оваа категорија доби документарецот „Град на мртовци" (Шпанија/ 2019/ 55 мин.) на режисерот Мигел Ек.

2. Награда „Млад кромид" – за најдобар филм на нов автор - „Медена земја" (Македонија/ 2019/ 85 мин.) – Љубомир Стефанов, Тамара Котевска и „Боговите на Моленбек" (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен,

3. Награда „Сечкан кромид" – за најдобар краток филм - „Нашата песна за војната" (Белгија, Колумбија/ 2018/ 15 мин.) – Хуаните Родригез Онзага

4. Награда „Кокарче" – за најдобар студентски филм - „Ѕверот - воз со непознати" (Германија/ 2019/ 24 мин.) – Мануел Инакер

Специјално признание за филм од студентската програма доби „Слушај, брат!" (Русија/ 2018/ 72 мин.) на Александар Елкан

5. Награда за филм со најдобри етички идеи

„Боговите на Моленбек" (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен

Потсетување на оние што не го гледале, а сакаат, „Медена земја“ веќе е на репертоарот на „Синеплекс“.

 

фото извор: facebook.com/honeyland.earth/

30 август 2019

Други галерии

Долната облека низ години...

Улична мода на африкански...

(ФОТО) Наоми Кембел напол...

Фото: Цветна-летна улична...

Чола го наполни и стадион...

Најдобрите маски на позна...