Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Среќен роденден ЛИЛА: Стилот на водителката низ 50 фотографии

Нашата позната водителка и тв лице Лила, го прославува својот 50 роденден. Препознатлива по својот глас и енергија, низ годините остана доследна на својот професионализам и популарност кај публиката, а како јавна личност ја гледавме во различни модни изданија.

Иако приватно најчесто ќе ја видите во џинс или хеланки, нејзината професија ѝ овозможи да облече креации и тоа најчесто дизајнерски, за што сме имале да шанса да посведочиме во многуте заеднички средби и соработки како медиум.

Имено, водителката повеќе од една деценија е заштитно лице на македонската модна куќа Елена Лука, па на јавните појавувања често ја гледаме во нејзини креации.

Обожавателка е на високи потпетици, а иако во младоста не крие дека експериментирала со изгледот, веќе со години наназад преферира црна боја, а ја задржа женственоста - кога е естетиката на модните парчиња во прашање. Не стравува да носи и бои, да се истакне со сјај и светки или пак да биде сексапилна, па во тој поглед и смела.

Од своето име успеа да изгради бренд, па без разлика дали ви се допаѓа нејзиниот изглед, стил, факт е дека каде и да се појави привлекува внимание.

Ретко дава интервјуа, а во последното кон почетокот на годината за нашиот медиум изјави дека лојалноста е денес луксуз. Разговорот во кој зборува за нејзиниот животен пат од „сестрата со карминот" до „писателката со фустанот", за секојдневието, жените и годините, соништата и реалноста и секако модата можете да го прочитате тука.

По повод нејзиниот 50 роденден, ние пак ѕирнавме во нашата архива и одбравме 50 фотографии со кои правиме модна ретроспектива на стилот на едно од најпрепознатливите тв лица кај нас.

Лила, среќен роденден, ти посакуваме уште поблескави наредни 50!

14 октомври 2021

Други галерии

Лепа Брена прославува 35...

Бијонсе полни 39 години:...

83 фотографии за 83-от ро...

Најдобрите гранџ моменти...

(Фото) Летна мода на скоп...

На забавата после „Златни...