Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стилски „флешбек“: Џејн Фонда денеска го слави 85-от роденден

Можеби токму тоа што и во деветата деценија го има задржано бунтовниот дух, е еликсирот за безвременоста на оскаровката Џејн Фонда.

Во својата кариера како актерка ги има освоено сите значајни награди, како активист е ревносна па дури и неколкупати завршила и со лисици на рацете, а со години наназад постојано е на топ листите на најдобро облечените жени во шоу бизнисот.

Денеска славната Џејн полни 85 години, а нејзиниот став, стил и авторитет во Холивуд се непроменливи – секогаш влијателни.

Вистинска дама која соодветно на приликата секогаш изгледа беспрекорно, па дури и кога ќе облече исто парче во повеќе наврати.

Се навраќаме низ времето и ги забележуваме нејзините најатрактивни изданија.

Фото: Пинтерест

 

21 декември 2022

Други галерии

Волшебни новогодишни изло...

Скопски маратон - Трка на...

52 елегантни комбинации н...

Стилот на Анџелина Џоли н...

Македонската филхармонија...

Како денес изгледа првото...