Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стилски времеплов преку костимографијата во „The age of Adaline“

Филмот „The age of Adaline" во режија на Ли Толанд Кригер, а каде главната женска улога ја толкува Блејк Лајвли, е особено интересен да се анализира од аспект на костимографијата со оглед на тоа дека темата се базира на жена која во текот на цело едно столетие останува 29 години.

Вечната младост на хероината во филмот Адалин Бауман, е одлична можност да се прикаже стилот на жените од 1920-те години па се до денес.Иако останува на иста возраст, стилот на Адалин еволуира во зависност од декадите во кои таа постојано ја преживува својата младост.

„Облеката во овој филм е дизајнирана за целосно да ја заокружи приказната за Адалин. Уште од самиот почеток имав визија како ќе изгледа Адалин во различните декади", вели костимографот Ангус Страти кој е добитник на Оскар за најдобра костимографија за филмот „Moulin Rouge".

Блејк Лајвли која важи за стилска икона на новата генерација актерки, ја задржува оваа улога и во филмот. Со оглед на совршената силуета, сите стилови од1920-тите до денес, и прилегаат совршено, а покрај тоа и визуелно го раскажуваат нејзиниот карактер на една одмерена, софистицирана и елегантна жена.

Светската премиера на „The age of Adaline" беше во април 2015 година.

6 август 2015

Други галерии

Ретроспектива на модата в...

9-годишно девојче прави у...

Погледнете ги најслатките...

Познатите личности сподел...

Ова се најуникатните луѓе...

Шарена улична мода во Сид...