Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стилскиот трик на Елизабет Тејлор за совршена фигура

Актерката со заносни очи, беспрекорен наградуван талент за глума, бурен љубовен живот и богато и гламурозно модно досие - Елизабет Тејлор е икона која не се заборава.

Зад себе има 9 брака, безброј еминентни признанија и награди, а за љубителите на модата, остана дефиниција за гламур. 

Нејзиниот стил се менуваше низ декадите, но секогаш ја задржуваше својата елеганција, дури и во поодминатите години, не пропушташе да изгледа гламурозно.

Оваа година ќе полнеше 89 години, па разгледувајќи ги нејзините фотгорафии може да се забележи дека Лиз Телјор има трик кој совршено ја истакнува женската фигура. Без разлика дали носи панталони, фустан, здолниште, блејзер или костим за капење, Елизабет Тејлор го истакнува струкот. Така, до израз доаѓаат нејзините облини и ја нагласува женственоста

2 март 2021

Други галерии

Познатите низ светските а...

Девојките од Копенхаген н...

Најмодните моменти од Афр...

Најдобрите 50 фотографии...

Шармот на јапонските цреш...

Македонка во 10-те финали...