Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стоматолог од Бразил патува низ светот и им ги поправа забите на сиромашните

Без разлика на вашата примарна професија, секогаш можете да направите некое добро дело делејќи храна или облека на бездомниците, собирајќи го ѓубрето од блискиот парк или едноставно, разговарајќи со некој што е во лоша ситуација.

Можеби едно од најдобрите хуманитарни дела за кои сме чуле во последно време е она на бразилскиот стоматолог Фелипе Роси кој патува ширум светот и им ги поправа забите на оние кои не можат да си го дозволат тоа.

Тој основал невладина организација со чија помош оди низ различни градови од светот и им ја враќа насмевката на најсиромашните.

За работата да биде уште подобра, во поправката на забите му помагаат и неговите колеги кои со задоволство ја прифатиле неговата понуда.

Познатиот магазин Bored Panda објави 30 инспиративни фотографии од тоа како луѓето изгледале пред и по поправката на забите, а среќата кај сите е неизмерна.

Преку истите, ќе посведочите за тоа колку забите можат да го променат целосниот изглед на еден човек, а пред сè, колку самодоверба можат да влеат.

Доколку сте стоматолог и имате малку време, следете го примерот на Фелипе и разубавете нечиј живот уште денес!

Инфо и фото: Bored Panda

30 октомври 2019

Други галерии

Стартуваше Саемот за мебе...

Прекрасни камп приколки з...

50 дизјанерски топки во ч...

Љубов во црно-бело: Најуб...

20 најлоши облечени ѕвезд...

Јунска мода на скопските...