Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Superdry - Нов супер бренд во градот

Семејството на Fashion Group Macedonia е побогато за уште еден член. Во Сити мол вчеравчер се одржа отворањето на нов бренд - Superdry. 

.Брендот Superdry постои од 2003 година, кога е отворена првата продавница во Ковент Гарден во Лондон. Овој британски бренд го канализира духот на Јапонија преку исписите на јапонски јазик кои се среќаваат на самото лого и на голем дел од облеката. Облеката наменета за мажи и за жени е релаксирана, лежерна, но во исто време е модерна и актуелна. Освен стандардната колекција на облека и модни додатоци, тука е и колекцијата Superdry Sport која нуди облека и обувки за вежбање, трчање како и за скијање.

Со колекцијата есен/зима 2018 започнува нова модна приказна за Fashion Group, но и за купувачите во Македонија. Отсега тие ќе имаат можност да носат бренд кој е вистински урбан "must have" на европскиот пазар. Superdry станува сè попопуларен меѓу помладата публика, но и познатите личности и инфлуенсери од сферата на музиката, зимските спортови и модата. Дејвид Бекам во 2007 е забележан во кожена јакна Superdry, која се распродава со огромна брзина во количина од 70.000 парчиња.

Во урбан дух, присутните вчера имаа можност да уживаат во интересна и интеркативна презентација на брендот - пуканки, коктели, рачно фудбалче, специјално изработени маици беа и повеќе од доволни за одличното расположение и забава. 

На македонскиот тим на брендот му посакуваме успешно работење и уште повеќе обожаватели, а вас ве оставаме да ги погледнете фотографиите и дел од атмосферата.

9 август 2018

Други галерии

Јубилеен Виенски бал 2019...

Фото: Младите во Русија и...

Џастин Трудо слави роденд...

Alice+Olivia со нова капс...

Алиса во земјата на чудат...

Елизабет Харли - Жената к...