Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Талентирана Русинка ги претвара принцезите на Дизни во модерни трендсетерки

Веројатно ова се најубавите фотографии што ќе ги видите денеска, а ги направи една модна илустраторка од Русија со неверојатен талент.

Принцезите на Дизни отсекогаш биле инспирација за малите девојчиња ширум светот, а се чини тоа било случај и со Анастасиа Косианова од Русија која покрај во принцезите, вљубена е и во модата.

Кога ќе се спојат овие две работи со нејзиниот талент, резултатот се прекрасни илустрации што ќе посакате да ги погледнете неколкупати.

Познатите принцези носат парчиња од светски дизајнери, а истите се толку добро комбинирани, што создаваат впечаток дека се вистински трендсетерки.

Талентираната Анастасиа ја открила желбата за цртање и мода уште кога била многу мала, па на 17 години почнала да студира моден дизајн на локален универзитет.

Сега, на 28 години, работи како моден илустратор и има повеќе од 78.000 следбеници на социјалните мрежи благодарение на нејзините одлични фотографии.

Во галеријата погледнете ги неверојатните илустрации на Анастасиа.

16 јануари 2019

Други галерии

FWSK#18: Од другата стран...

Најдобрите 50 фотографии...

40 најдобри модни изданиј...

„Нешнал Џеографик“ - Најд...

Евровизија 2018: Како изг...

Фото: „Esnaf Street Marke...