Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Тина Тарнер: Simply the best 82 години

Легендарната Тина Тарнер денеска го прославува 82. роденден. Енергична, со моќен глас и препознатливи движења на сцената, таа на многумина им стана омилената рок дива.

Жена лавица, жена која за да избега од токсична средина и насилство, остава зад себе се' - и богатство и дом и заедница, само за да се спаси. На 38 години почнува од нула, а шест години подоцна се искачува (повторно) на врвот.

Тоа што животот не ја галел, ќе остави и здравствени последици врз неа, но и од тоа ќе излезе како победник. Пред две години по тој повод ќе изјави:

„Имам 80 години. Како мислев дека ќе изгледам на 80 години? Не вака. А, изгледам одлично! Се чувствувам добро. Поминав низ некои сериозни здравствени проблеми, но тоа е како да добив втора шанса за живот. Среќна сум што имам толку години. Знам дека мојата „авантура" со здравјето не е завршена, дека секогаш ќе постои уште еден преглед, уште една биопсија, уште еден доктор. Но, ја имам поддршката од сопругот, блиски сме како никогаш до сега и тоа е причина за славје".

За потестување, во 2013 има мал мозочен удар, а од последиците морала да учи одново да оди. Три години подоцна добива дијагноза дека ѝ откажува еден бубрег и дека има рак на дебело црево. Докторите ѝ отстрануваат дел од дебелото црево, но проблемите со бубрегот се влошуваат и во една прилика ќе изјави дека дури размислувала за евтаназија. Но, нејзиниот втор сопруг Ервин Бак ѝ донира бубрег, па Тарнер имала успешна трансплантација во април 2017.

Иако животот за неа не бил секогаш „simply the best“, нејзината волја за живот, почитување на себеси и на познавањето на својата вредност се.

Во галеријата погледнете како пејачката се менуваше низ годините и физички и со стилот. Препознатлива по сценските костими кои речиси секогаш вклучуваа многу светки и сјај, како и волуменозната фризура, со текот на годините нејзиниот изглед стануваше посведен. Во 2009 го одржа последниот концерт и се повлече од јавниот живот. Со години наназад живее во Швајцарија и ретко се појавува на настани.

26 ноември 2021

Други галерии

Шест излози во Скопје доб...

Јубилеен концерт во чест...

Шарена мода на улиците ни...

Фото: Наши креативци созд...

Интересни идеи за празнич...

Шармот на „старо“ Скопје...