Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Три биса за Здравко Чолиќ: Публиката не сакаше да си оди дома

ВИП Арената „Борис Трајковски“ во саботата беше исполнета до последното место. Обожавателите на Здравко Чолиќ од сите генерации имаа можност уште еднаш да уживаат во неговите песни и глас.

Вечниот фраер се чини има енергија повеќе од било кога. „Гори ватра“ беше песната со која ја отвори тричасовната музичка забава, по што се редеа најголемите хитови „Остани“, „Пусти пусти моду“, „Ноќ ми те дугује“.

Секако, присутните имаа можност да ги слушнат и песните од последниот албум на пејачот „Оно мало среќе“. Во разговорот за нашиот сајт неодамна, тој изјави дека концертите му се омилени настапи, бидејќи тогаш пренесува посебна енергија.

И навистина, знае како да ја анимира публиката, пренесува оптимизам и забава од која сите си одат задоволни. Но, овој пат публиката и после три часа не сакаше да си замине. Го врати пејачот дури на три биса, го награди со плишани играчки, долги аплаузи и овации.

Со оглед на тоа дека има уште еден закажан концерт, на истото место на 17-ти, нема да откриваме други детали, само ќе ве оставиме да уживате во галеријата, преку која ви пренесуваме дел од атмосферата.

За потсетување, концертот е во организација на „Прагма мјузик ентертејмент“.

12 ноември 2018

Други галерии

Индивидуалноста е императ...

Авантура низ Амстердам

Првата кампања на Марија...

Што се носи низ улиците н...

Новогодишна изложба на ра...

(Фото) Моден поздрав од К...